Васко Ковачевски заминува од функцијата од лични причини, на негово место доаѓа Васко Стефанов (ВИДЕО)

 – Директорот на АД ЕСМ Васко Ковачевски од лични причини поднел оставка од функцијата и на негово место на следната владина седница ќе биде назначен, Васко Стефанов.

Информацијата ја потврди премиерот Димитар Ковачевски на денешната прес-конференција во Владата посветена на годишниот извештај на АД ЕСМ. 

– Сакам лично да му се заблагодарам затоа што целото свое знаење и труд и време ги вложи во менаџирањето на компанијата во една исклучително тешка и деликатна ситуација која произлезе од енергетската криза, рече премиерот Ковачевски.

За одлуката на директорот на АД ЕСМ, премиерот рече дека разговарале уште во текот на минатата година и дека утрово усно, а утре и писмено, ќе биде доставена оставката која ќе биде констатирана на следната владина седница. 

Генералниот директор на АД ЕСМ, како што изјави, останува да работи во компанијата. 

– Вработен сум во АД ЕСМ. Прво Ќе го земам одморот од 20 дена, а потоа по проценка на новиот менаџмент на ЕСМ и министрите ќе процениме каде ќе биде моето место во компанијата. Она што го протежирам е да се посветам пред се на семејството, односно на моите две деца кои имаат потреба од мене за иден раст и развој односно доообразование, истакна Ковачевски.

Дали успешно сум раководел – бројките покажуваат се и во длеот на производството и во делот на финбансите. на крајот на денот проценките го … убеден сум дека успешно како држава а потоа и какнкомпаија ја изменаџиравме кризата. бевме соочени некогаш и на дневни некогаш  на чавони обвсѕки пред се благодарение на анагжаманот на вработените и кои се влоќија да се стават сите капацитети во погон и ЕСМ не повлече енергија туку ддае доплнбител, но…во октомври 2021 година кога цела европа беше соочени со енергетската криза и кога успеваме за 40 дена да го ставиме во функција те неготино и кој успешно помогна во надминување на енергетската криза. 

наавките на есм – не се наванеи електрична енергија околу 100 милиони евра.

Ковачевски во јули 2019 година беше избран за претседател на Управниот одбор и за генерален директор на АД ЕСМ. На функцијата дојде од местото директор на РЕК „Битола“ каде што беше назначен во јануари 2018 година. 

Ковачевски е дипломиран инженер по термоенергетика. Тој е поранешен советник во Советот на општина Битола во периодот од 2013 до 2014 година, како и пратеник во Собранието во два мандата  од 2014 до 2016 година и од 2016 до 2017 година.

Поради пензионирање од АД ЕСМ ќе замине и Добрила Стефанова, а на нејзно место за нов член на Управниот одбор и директор на финансии ќе биде назначена Марија Пејкова.