ВИДЕО | ОБЈАВЕНИ САТЕЛИТСКИ СНИМКИ – Израелските сили се приближуваат до градот Газа и напаѓаат на три фронта

Израелските копнени сили се приближуваат до градот Газа, најголемиот и најгусто населен град во палестинската енклава, покажуваат сателитски снимки и видеа, пренесува BBC.

Израелските одбранбени сили (ИДФ) го опкружуваат Појасот Газа од воздух, од копно и од море и го опколија градот Газа и неговата околина“, изјави претходно портпаролот на ИДФ, Даниел Хагари.

Тој посочи дека борците на ИДФ напредуваат во битките, при што ја уништуваат надземната и подземната инфраструктура на палестинската милитантна група Хамас и ги елиминираат терористите.

Откако ИДФ ја започна својата копнена офанзива врз Појасот Газа пред една недела, нејзините војници напредуваа на три оски, од северозападната граница на Појасот Газа долж брегот на Средоземното Море, од североисток во близина на Беит Ханун и од исток кон запад по должината на јужните граници на градот Газа, сето тоа во очигледен обид да се подели Појасот Газа на два дела, пишува BBC.