„Ако Русија ја победи Украина, што мислите дека ќе се случи ВО БАЛКАНСКИТЕ ЗЕМЈИ?“: Бајден за војна во Источна Европа

Американскиот претседател Џозеф Бајден изјави дека откажувањето на финансиската помош за Украина може да доведе до криза во балканските земји.

  • Ако ние заминеме, а Русија го издржи нивниот напад и ја победи Украина, што мислите дека ќе се случи во балканските земји? Што мислите дека ќе се случи од Полска до Унгарија? – праша Бајден во обраќањето во Белата куќа.

Бајден синоќа потпиша нацрт-закон за краткорочно трошење со кој федералните владини институции ќе останат во функција до почетокот на март.

Нацрт-законот не се однесува на дополнителната помош за Украина , која останува блокирана додека клучните пратеници продолжуваат да преговараат за мерките за безбедност на границата кои ќе одат рака под рака со поголема поддршка за Киев.