Скопјанец насила изваден од неговиот дом, со возило одведен кај Транспортен центар каде му се нанесени неколку убодни рани

– К.Б.(34) од Скопје вчера во 7:40 часот во Полициската станица Аеродром пријавил дека ноќта меѓу 24 и 25 април годинава околу 1:30 часот, А.„Н“ со употреба на сила го извадил од неговиот дом и го внел во патничко возило кое го управувал К.„Н“, со уште едно лице совозач. 

Како што информира МВР, според пријавено, во возилото А.„Н“ му нанел неколку убодни рани со остар предмет и го однеле кај Транспортен центар во Скопје, каде што повторно му нанел повреда со остар предмет, по што физички го нападнале и го оставиле. Исто така, според пријавеното, тој не бил на преглед и не пријавил во полициска станица затоа што лицата му се заканиле. 

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.