Путин на едниот крај од салата, амбасадорите на другиот: „За жал, не можеме да се дружиме“

Владимир Путин вчера застана доста далеку од новите странски амбасадори во Русија, сцена која потсети на периодот на пандемијата на коронавирус. На церемонијата во Кремљ, рускиот претседател ги прифати акредитивните писма на повеќе од 20 странски амбасадори, вклучувајќи го и најновиот британски пратеник во Русија, Најџел Кејси.

Рускиот лидер одржа говор во кој рече дека се надева оти односите меѓу Лондон и Москва ќе се подобрат. „Да се ​​надеваме дека ситуацијата ќе се промени на подобро во интерес на нашите две земји и народи“, рече тој. На сликите се гледа како амбасадорите од другата страна на просторијата го слушаат рускиот лидер кој стоел зад говорницата.