На Евро 2024 ќе се користи топка што ќе сигнализира играње со рака

На Европското првенство во 2024 година ќе се користи топка со висока технологија од компанијата „Адидас“.

Според „ The Times“, топката ќе биде опремена со микрочип што ќе помогне да се утврди дали е користена рака при нападите кога ќе биде постигнат гол. Овој систем ќе работи заедно со технологијата за следење на екстремитетите, која овозможува создавање на 3D визуелни слики на играчи во реално време.