„ИМАВ СЕ, НО НЕШТО МИ НЕДОСТИГАШЕ“: Познатата пејачка има причина да СЛАВИ откако стана мајка со помош на ДАРИТЕЛ!

Натали Имбруља (48) сподели слики од четвртиот роденден на нејзиниот син Макс.

Некогаш многу популарната пејачка Натали Имбруља , позната по хитот “Thorn” сподели ретка фотографија од нејзиниот син . Поводот беше четвртиот роденден на момчето , а на фотографијата Натали носи хартиена круна, додека Макс го покри лицето со емотикон од срце.

„Како времето лета. Не ми се верува дека веќе имаш четири години! Благодарам на сите што го направија неговиот роденден посебен“. напиша таа покрај сликата.

Во последниве години, Натали остана подалеку од очите на јавноста, со цел да се фокусира на своето семејство, поточно нејзиниот син, кој го доби преку ин витро оплодување . Пејачката, која стана мајка во 2019 година, никогаш јавно не го откри идентитетот на таткото на нејзиниот син. Отсекогаш сакала да биде мајка, а за таа улога проговори во едно интервју:

„ Да станам родител е најневеројатното нешто што ми се случило . Тоа е нешто што сакав да бидам од мали нозе . Сепак, таа го откри своето мислење дека „ родителството не е за секого “: „Постои стигма за жените дека ако не се родители – што значи тоа за нив? Свесна сум и за борбата низ која поминуваат многумина и како се чувствуваат запоставено“.

„ Важно е да се прифатат сите жени, вклучително и оние кои ќе речат „а, друга мајка кажува колку е среќна“. Натали претходно призна дека чувствувала дека нешто и недостасува во животот, па се обратила до банката за сперма .

„ Навикната сум да ги поместувам границите на веројатноста во сè што сум правела во животот. Отсекогаш сум успевала да правам работи за кои ми велеа дека се невозможни или ретки . Таа исто така сподели дека за нејзиното мајчинство е „ магично “ и дека ја пополнило празнината што ја чувствувала.

„ Кога ќе погледнам наназад, имам прекрасни пријатели, брак зад мене, прекрасен дом и кариера со која се гордеам. Но, долго време бев на место каде знаев дека нешто недостасува и копнеев . Го очекувам моето прво дете. Благословена сум што тоа е можно со помош на ин витро оплодување и донатор “, напиша тогаш таа од фотографијата со труднички стомак.