ВИДЕО | ПАНИКА ВО ИТАЛИЈА – Серија земјотреси погодија неколку градови, а луѓето во страв ноќта ја поминале на улица: “Не ни ја кажуваат вистината!“

Претходниот ден земјотрес со јачина од 4 степени според Рихтеровата скала ја погоди Италија, а потоа во текот на ноќта следеа серија послаби земјотреси, поради што граѓаните исплашени излегоа на улиците.

Првиот, најсилен земјотрес е регистриран синоќа во 22 часот и 8 минути на длабочина од три километри. Епицентарот на земјотресот бил во Флегрското Поле, а бил почувствуван и во Неапол.

Земјотресот го почувствувале граѓаните кои живеат во Поцоли и Бацоли, а особено во Неапол. Некои жители на Поцоли слушнале силен тресок пред да се затресе земјата. Пријави на социјалните мрежи доаѓаат и од оние кои живеат во северниот дел на главниот град, а видео-снимки од потресот можете да погледнете ОВДЕ.

Земјотресот предизвика страв во реонот на епицентарот, имаше урнатини, но засега нема значителна штета.

Меѓутоа, луѓето излегоа на улиците и не сакаа да се вратат во своите домови во страв од нов потрес, додека дел од преплашените мештани повикале против пожарни единици на терен.

Не само страв, туку и незадоволство помешано со гнев, имало меѓу граѓаните на Поцоли кои се најдоа на улица по земјотресот.

Не ни ја кажуваат вистината“, изјавила една жена, тврдејќи дека проценката од 4 степени е потценета.

Во 4 часот и 15 минути, нов земјотрес со јачина од 2,2 степени според Рихтеровата скала се случи во Флегрското Поле на длабочина од еден километар.

Утринава во 6 часот и 30 минути е регистриран нов земјотрес со јачина од 3,2 степени во провинцијата Катанзаро. Земјотресот е регистриран на длабочина од 24 километри со епицентар во Амат, а се почувствувал и на други места.

А потоа во 7 часот и 11 минути следел уште еден земјотрес со јачина од 3,1 степени во Реџо ди Калабрија. Тој бил на длабочина од 14 километри, со епицентар во Кардет.