ИНОВАЦИЈА ЗА МОТОЦИЛИСТИТЕ: Направени се првите панталони СО ВОЗДУШНИ ПЕРНИЦИ (ВИДЕО)

Овие фармерки служат за заштита на целиот долен дел од телото, ‘рбетот, опашката, задникот, бутовите и феморалната артерија

Безбедноста на мотоциклистите е во мислите на многу луѓе, а некои се обидуваат да ги претворат своите грижи во производи и во исто време да заработат пари. Mo’cicle е шведска компанија за мода и технологија која произведува облека за мотоцикли, поточно фармерки, веќе 17 години.

Според Швеѓаните, поголемиот дел од повредите во тешките сообраќајни несреќи на мотоциклистите се случуваат во долниот дел од телото. Затоа создадоа нов производ Airbag-Jeans, односно фармерки со воздушни перничиња, кои се активираат во случај на пад од мотор. Овие фармерки служат за заштита на целиот долен дел од телото: долниот дел од ‘рбетот, опашката, задникот, бутовите и феморалната артерија. Имаат вградено ременче кое мора да се закачи на мотоциклот за да се активира воздушното перниче ако возачот падне. Воздушното перниче е невидливо пред да се активира. Му требаат само 150 милисекунди.

Што ќе се случи ако возачот заборави да ги соблече панталоните кога ќе се симне? Воздушното перниче нема да се активира ако тоа се случи, и покрај фактот што е потребна сила од 40 килограми. За повторно да го користите, по активирањето, потребно е само да го замените кертриџот со јаглерод диоксид. Цената на панталоните е 599 евра за синиот модел и 699 евра за црниот модел.