ПСЖ има предност на табелата во француското првенство, па денеска со мислите беше кон Лигата на шампионите, тоа го искористи Монако кој дојде до триумф од 3-1.
Не само Мбапе и Меси за кои се знаеше дека нема да играат, Галтие на клупата ги стави и Хакими, Кимпембе, Серхио Рамос… Нејмар го одигра целиот меч.
Многуте отсуства во тимот на ПСЖ ги искористи Монако кој го доби мечот со 3-1.
Головин го отвори мечот, а два гола за Монако даде Бен Једер, единствениот погодок за ПСЖ беше дело на Заир-Емери. Сите погодоци беа постигнати во првото полувреме.