„Западните земји треба да ги насочат своите политики и да бидат подготвени за сценариото на долготрајни борби во Украина“, изјави денес во Берлин германскиот канцелар Олаф Шолц.
Олаф Шолц ова го изјави на заедничката прес-конференција со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.
„Мораме да се прилагодиме на фактот дека руската војна против Украина може да трае долго. За ова се подготвуваме и кон тоа ја ориентираме нашата политика“, вели тој.
„Германија ќе ја поддржува Украина се додека е потребно, но исто така е јасно дека НАТО нема да влезе во конфликтот“, истакнува германскиот канцелар.