“МОРА ДА БИДЕМЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА ТОА СЦЕНАРИО!“ – Драматично предупредување на Олаф Шолц за војната во Украина

Западните земји треба да ги насочат своите политики и да бидат подготвени за сценариото на долготрајни борби во Украина“, изјави денес во Берлин германскиот канцелар Олаф Шолц.

Олаф Шолц ова го изјави на заедничката прес-конференција со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

Мораме да се прилагодиме на фактот дека руската војна против Украина може да трае долго. За ова се подготвуваме и кон тоа ја ориентираме нашата политика“, вели тој.

Германија ќе ја поддржува Украина се додека е потребно, но исто така е јасно дека НАТО нема да влезе во конфликтот“, истакнува германскиот канцелар.