БИЛЈАНА ТИПСАРЕВИЌ НА ВАКОВ НАЧИН ИЗГУБИЛА 30 КИЛОГРАМИ: Изгледа неверојатно во петтата деценија, а се откажала само од една храна

Модната дизајнерка Билјана и тенисерот Јанко Типсаревиќ, покрај ќерката Емили, во 2020 година го добиле и синот Ноа, а во бременоста се здебелила 30 килограми.

Билјана по породувањето побарала помош од нутриционист, а еднаш открила како успеала да постигне совршена фигура и да изгледа двојно помладо на 41 година.

– Следам нутриционистички план, морав да се откажам од работи кои многу ги сакам. Се откажав од моите тајни задоволства заради витка линија, а мојот сладок грев се пецивата и лебните работи – рече Билјана и додаде што избегнува за да има завидна фигура:

– Појадувам, ужинам, ручам и вечерам. Со тоа што често ја прескокнувам вечерата или не јадам после 18 часот, освен ако не одам во ресторан со сопругот, пријателите или на некоја прослава. Пијам многу сокови за детоксикација и вода. Со оглед на тоа што ги губам килограмите добиени за време на бременоста, морам да бидам крајно внимателна што јадам, па затоа се трудам воопшто да не консумирам шеќер – изјави тогаш таа за магазинот Story.

Диетата на Билјана Типсаревиќ даде сериозни резултати, а модната дизајнерка истакнува дека иако на почетокот и било тешко, сега се навикнала на здрав начин на живот.

– Секакви работи се на мојата маса. Важно е се да е без шеќер.Мојот метаболизам е навикнат на тоа и се трудам да ги почитувам сите правила кои ми се важни. На почетокот беше тешко, но штом ќе се навикнеш на таа диета, немаш потреба од никаков шеќер, што не значи дека понекогаш нема да се опуштам за душа. Можеби ќе јадам слатка торта, но нема да претерам – заклучила сопругата на Јанко Типсаревиќ, која, мора да признаеме, никогаш не изгледала подобро.