СТРАШНА НЕСРЕЌА ВО ЦРНА ГОРА: Тројца млади загинаа, две девојки се борат за живот!

Тројца млади лица загинаа во сообраќајна несреќа што се случи ноќта меѓу саботата и неделата на патот Бар – Улцињ, соопшти црногорската полиција.

– Во оваа сообраќајна несреќа загинаа Д.М.(21) од Улцињ, Б.Б.(20) од Бар и Н.Д.(18) од Рожај – информираат од полицијата.

Деталите за случајот не се соопштени, пишува Дан, истакнувајќи дека истрагата е во тек.

Во Општата болница Бар, со повреди опасни по живот се лекуваат Л.П.(18) и А.В.(18) од Бар.

– До несреќата дошло како последица на судир на автомобил „ауди А3“ со улцински регистерски таблици управувано од М.Д и возило „Сеат“ со бар регистерски таблици управувано од Б.Б.(20). Возачот на „аудито“ и Н.Н. кој бил сопатник во „Сеатот“ починал на лице место. Во Барската болница на повредите им подлегнала девојката Б.Б., која го управувала „Сеатот“ – информираат од полицијата за Радио Бар и Бар Инфо.