ФОТО | Сите зборуваат за Бред Пит и неговиот младешки изглед – овој познат маж е на негова возраст, но погледнете ја разликата во изгледот: “Ова е неверојатно!“

Бред Пит ги запрепасти обожавателите во текот на викендот кога се појави на финалето на Вимблдон.

Луѓето ширум светот фасцинирано гледаа како актерот ужива во натпреварот, пиејќи од пијалок од конзерва и јадејќи чипс – и не беше потребно тој да прави ништо друго за да ги натера жените да се „онесвестат“. 

Бред Пит, кој на 18. декември наполни 60 години, оттогаш е споредуван со многу познати личности кои се на иста возраст, но и помлади.

Бред Пит
Бред Пит

Бред Пит беше споредуван со неговиот лик Бенџамин Батон, лик кој е роден како старец и помлад со годините, а токму актерот ја играше неговата улога.

Иако Бред Пит најверојатно е благословен од ‘фонтаната на младоста’, познато е и дека на холивудската ѕвезда малку и помогнал хирург.

Станува збор за јавни личности кои се родени во истата година со Бред Пит (1963), а на Интернет најмногу внимание привлече споредбата на актерот со поранешниот премиер на Велика Британија, Борис Џонсон – погледнете ја разликата и сами!