Најдолговечниот пациент со трансплантирано срце влезе во Гинис

Најдолговечниот пациент со трансплантација на срце, опериран во Англија во 1984 година, официјално влезе во Гинисовата книга на рекорди.

Берт Јансен (57) од Холандија живее речиси 40 години со срце од дарител кое му било пресадено во лондонската болница Харфилд.

Откако развил симптоми слични на грип на 17-годишна возраст, на Јансен му била дијагностицирана кардиомиопатија, задебелување на срцевиот мускул што го спречува да пумпа крв низ телото.

Кардиологот на Јансен во Холандија бил поврзан со болницата Харефилд во Лондон и со пионерот за трансплантација, професорот Магди Јакуба, кој ја извршил операцијата на 6 јуни 1984 година, кога пациентот наполнил 18 години.

Во тоа време сè уште не се извршувале трансплантации на срца во Холандија.

„Сè помина многу брзо. Само една недела по пристигнувањето во Харфилд, две срца станаа достапни од голема сообраќајна несреќа во Лондон. Едно срце се поклопи и беше пресадено. Како што ми рекоа лекарите 30 години подоцна, мора совршено да ми одговарало“, рече Јансен.

Тој рече дека новото срце брзо му овозможило„да живее квалитетен живот“. Играл тенис и одбојка и работел со полно работно време повеќе од 30 години – прво во продавница за мебел, потоа како столар на јахти, а потоа како училишен чувар.

Во 1996 година се оженил со Петра, ги добиле синовите Гвидо и Ив. Иако се пензионираше во 2017 година по совет на неговиот лекар поради намалените нивоа на енергија, Берт сè уште ужива да ја „пумпа крвта“ со редовно летање со едрилица.

„Никогаш не можев да замислам дека ќе дојдам вака далеку и секогаш гледав на другите кои го имаат своето донорско срце подолго од мене. Чест ми е што ја достигнав оваа пресвртница, но она што мислам дека е најважно е што поставив репер за другите. Сега е официјално докажано дека е можно да се дојде до тука додека се има донорско срце. Претпоставувам дека маркерот сепак ќе се придвижи малку подалеку и ќе бидам задоволен ако други го соборат мојот рекорд во догледно време“, рече Берт.

Неговата операција беше 107-ма од ваков вид во Харфилд. Првата беше изведена од Сер Магди Јакуб во 1980 година и оттогаш центарот пресадил илјадници срца.

„Фантастична вест е што еден од нашите рани пациенти продолжува да живее исполнет и среќен живот толку долго по трансплантацијата“, рече др. Фернандо Риего Гил, кардиолог и шеф на службата за трансплантација на срце во болницата Харфилд.

TRT Balkan