ГЕРМАНИЈА ВО НОВ ГОЛЕМ ПРОБЛЕМ – На пазарот недостигаат два милиони работници, а земјата е подготвена да донесе нов закон – што се случува кај најсилната европска економија !?

Германија оваа недела е подготвена да усвои закон со кој ќе им олесни на искусните работници, особено надвор од Европската унија, да имигрираат во земјата, откако беше постигнат договор во рамките на владејачката коалиција, објави медиумската агенција Reuters.

Катја Маст од Социјалдемократската партија, која е дел од владејачка коалиција со Слободните демократи (ФДП) и Зелените, кажа дека задоцнетите реформи ќе ја модернизираат имиграциската политика на Германија.

Тоа ќе го постигнеме веќе оваа недела“, нагласи таа на прес-конференцијата, во друштво на Јоханес Фогел од ФДП и Ирена Михалиќ од Зелените.

Со овој закон, Германија се надева дека ќе се справи со недостигот на работна сила – според Министерството за труд, бројот на слободни работни места во 2022 година бил на рекордно високо ниво од близу два милиони.

Според предлог-законот, реформата може да значи зголемување на бројот на работници од земјите кои не се членки на ЕУ за 60.000 годишно. На странските работници ќе им бидат понудени три начини за влез во земјата, вклучително и специјална „покана за шанса“ за луѓе кои немаат работа, но имаат потенцијал да најдат.

„Покана за шанса“ следи систем заснован на поени кој ги зема предвид образованието, јазичните вештини, искуството, поврзаноста со Германија и возраста.