Премиерот на Албанија се обрати на Парискиот мировен форум.
Премиерот на Албанија, Еди Рама, од Париз, каде што учествува на мировниот форум , повтори дека е за прекин на огнот во Газа и истовремено укажа на опасноста што овој конфликт може да ја има на Западен Балкан.
– Како посветена членка на НАТО, гледаме вознемирувачка шема, зла посветеност за предизвикување конфликти и сеење хаос на северната хемисфера, вклучително и на Западен Балкан. Овие агенти на хаосот мора да се запрат. За жал, продолжувањето на страдањата на цивилите во Газа само ги подгрева амбициите на Хамас и другите агенти на хаосот – изјави Рама на социјалната мрежа „Икс“.
Тој додаде дека имал можност да се сретне со различни лидери и високи претставници на Парискиот мировен форум.
– Во однос на Газа, сите се согласуваме дека мора да заврши конфликтот и страшното страдање што го предизвикува – додаде Рама.