„МОРА ДА СЕ ЗАПРАТ АГЕНТИТЕ НА ХАОСОТ“ Еди Рама со мрачни прогнози, предупреди на ХАОС на Балканот?!

Премиерот на Албанија се обрати на Парискиот мировен форум.

Премиерот на Албанија,  Еди Рама, од Париз, каде  што учествува на мировниот форум , повтори дека е  за прекин на огнот во Газа и истовремено укажа на опасноста што овој конфликт може да ја има на Западен Балкан.

– Како посветена членка на НАТО, гледаме  вознемирувачка шема, зла посветеност за предизвикување конфликти  и сеење хаос на северната хемисфера, вклучително и на Западен Балкан. Овие агенти на хаосот мора да се запрат. За жал,  продолжувањето на страдањата на цивилите во Газа  само ги подгрева амбициите на Хамас и другите агенти на хаосот – изјави Рама на социјалната мрежа „Икс“.

Тој додаде дека имал можност да се сретне со различни лидери и високи претставници на Парискиот мировен форум.

– Во однос на Газа, сите се согласуваме  дека мора да заврши конфликтот и страшното страдање што го предизвикува –  додаде Рама.