Едно лице го загуби животот денеска а 16 се повредени во експлозија во кафуле во Санкт Петербург, Русија.
„Според прелиминарните информации повредени се 16 лица“, соопшти итната медицинска помош од овој руски град.
На местото на настанот излегле 13 екипи на итната помош.
Според се уште неофицијални информации на социјалните мрежи, во оваа несреќа починал и познатиот руски блогер Владлен Татарски.