Сите сакаме миризливи, сочни, мали крофни – убава и вкусна закуска која може да се јаде и во слатки и во солени сорти, а особено се популарни во овие зимски, студени денови кога често сме дома.
Ова е најбрзиот и најлесниот рецепт за мини крофни, се прават супер брзо и лесно и најважно – тестото не се меси! Тајната е во додавањето јогурт и малку ракија!
Потребни состојки:
- 200 грама брашно
- едно големо јајце
- 180 ml до 200 ml јогурт
- кесичка ванилин шеќер
- прстофат сол
- една лажичка ракија
- 2 лажички прашок за пециво
- зејтин
Подготовка:
- Во еден сад изматете ги јајцата, ванилиниот шеќер и солта со жица за матење, во друг јогуртот и ракијата.
- Во смесата со јогурт додајте брашно и прашок за пециво, убаво измешајте, па додајте во смесата со јајцата. Измешајте сè додека не добиете компактно тесто.
- Наполнете длабок сад со масло, но запомнете дека крофните треба да пливаат во маслото и да не го допираат дното на тавата. Загрејте го маслото на средна температура, бидејќи ако крофните се пржат на висока температура, нема да бидат крцкави.
- Со помош на две лажици формирајте топчиња и ставете ги во загреаното масло. Внимавајте да не се преполни тавата, а им требаат само неколку минути додека да бидат готови и да добијат златно-кафеава боја.
- Послужете ги посипани со шеќер во прав, прелив од карамела, со мармалад или чоколаден крем.