Најдобар рецепт за солени мини крофни: Тестото не се меси, тајната е во две состојки, а едната е омилениот пијалок на Македонците

Сите сакаме миризливи, сочни, мали крофни – убава и вкусна закуска која може да се јаде и во слатки и во солени сорти, а особено се популарни во овие зимски, студени денови кога често сме дома.

Ова е најбрзиот и најлесниот рецепт за мини крофни, се прават супер брзо и лесно и најважно – тестото не се меси! Тајната е во додавањето јогурт и малку ракија!

крофни, крофни

Потребни состојки:

  • 200 грама брашно
  • едно големо јајце
  • 180 ml до 200 ml јогурт
  • кесичка ванилин шеќер
  • прстофат сол
  • една лажичка ракија
  • 2 лажички прашок за пециво
  • зејтин

Подготовка:

  1. Во еден сад изматете ги јајцата, ванилиниот шеќер и солта со жица за матење, во друг јогуртот и ракијата.
  2. Во смесата со јогурт додајте брашно и прашок за пециво, убаво измешајте, па додајте во смесата со јајцата. Измешајте сè додека не добиете компактно тесто.
  3. Наполнете длабок сад со масло, но запомнете дека крофните треба да пливаат во маслото и да не го допираат дното на тавата. Загрејте го маслото на средна температура, бидејќи ако крофните се пржат на висока температура, нема да бидат крцкави.
  4. Со помош на две лажици формирајте топчиња и ставете ги во загреаното масло. Внимавајте да не се преполни тавата, а им требаат само неколку минути додека да бидат готови и да добијат златно-кафеава боја.
  5. Послужете ги посипани со шеќер во прав, прелив од карамела, со мармалад или чоколаден крем.