“БОМБА“ ОД БРИСЕЛ – Урсула фон дер Лајен го отвора прозорецот за враќање на Велика Британија во ЕУ: “Се зафркнавме…“

Велика Британија треба повторно да се приклучи на Европската унија за да го „поправи“ Брегзит, порача претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, откако лабуристите ветија дека ќе воспостават поблиски врски со европскиот блок доколку победат на изборите. 

Во вторникот вечерта во Брисел таа кажа дека „се зафркнавме“ кога ја прашаа дали може да се врати процесот на Брегзит, односно да се откаже излегувањето на Велика Британија од ЕУ.

Малку подоцна, премиерот на Велика БританијаРиши Сунак, ја отфрли сугестијата дека Брегзит може да биде во неволја, откако претседателката на Европската комисија тврдеше дека Британците би можеле да бидат на пат да се вратат во ЕУ

Благодарение на слободите што ги добивме преку Брегзит, сега размислуваме како дополнително да го зајакнеме нашиот миграциски систем. Овие слободи ни овозможуваат на пациентите во Велика Британија да им овозможиме побрз пристап до лековите, а исто така ни овозможија подобро да се грижиме за животните. Тоа е она на што сме фокусирани“, порача портпаролот на Риши Сунак и додаде: „Фокусирани сме на тоа Брегзит да биде успешен“.

Урсула фон дер Лајен вели дека Велика Британија би можела да се приклучи на ЕУ откако односите меѓу Брисел и Лондон значително се подобрија. Подобрувањето доаѓа откако Риши Сунак потпиша нов договор за Брегзит за Северна Ирска во февруари и по шокантната победа на поддржувачот на „Нексит Герт Вилдерс на холандските избори минатата недела.

Пред се, му благодарам на Бога. Со договорот од Виндзор, имавме нов почеток за старите пријатели. Многу важно“, вели Урсула фон дер Лајен на настанот организиран од влијателниот веб-портал Politico.

Урсула фон дер Лајен вели дека им кажала на своите деца дека е на следната генерација да ја „исправат“ грешката од Брегзит

И тогаш морам да кажам, постојано им кажувам на моите деца, мора да го поправите. Ние го збркавме. Треба да го поправите. Затоа мислам дека насоката на патување, моето лично мислење е јасно“, изјави Урсула фон дер Лајен како што пренесува The Telegraph.

Се очекува Велика Британија да поднесе барање за повторно приклучување во ЕУ во скоро време, долг и сложен процес кој може да потрае многу години. Но, Кир Стармер, кој ги води анкетите на јавното мислење, вети голема промена во трговските односи доколку лабуристите победат на општите избори, кои треба да се одржат следната година.

Риши Сунак реши да ги поправи заладените односи со ЕУ откако стана премиер во октомври 2022 година.

Според истражувањето објавено во мај, само девет отсто од Британците сметаат дека Брегзит бил повеќе успех отколку неуспех. Околу 62 отсто од луѓето го опишуваат Брегзит како убедливо погрешен потег, според анкетата на YouGov.

Речиси двојно повеќе, 56 отсто, велат дека тоа бил погрешен потег. Дури и меѓу оние кои гласаа за напуштање на ЕУ, 37 отсто рекле дека Брегзит е повеќе лоша работа отколку добра работа.