На интернет се појави снимка од арогантен возач како со голема брзина во спротивна насока на автопатот Милош Велики.
– Внимание за сите возачи на автопатот Милош Велики. Во мракот забележан е возач како брза во спротивна насока со брзина поголема од 120 километри на час на делницата од Љиг до Чачак! – се наведува во соопштението.
– Полета покрај нас со молскавична брзина, воопшто не му беше грижа. Се плашевме и за нашата безбедност – кратко изјавил очевидец за агенцијата РИНА.
Не е позната причината зошто автомобилот тргнал во спротивен правец, а возачот не е идентификуван.
За жал, ова не е изолиран случај на возење во спротивна насока на автопат. Неодамна беше изгубен еден живот, кога возач влегол во спротивен правец на овој автопат и директно се судрил со возило кое доаѓало од тој правец.
По судирот возилото се запалило, а возачот починал на лице место.