НА АВТОПАТОТ МИЛОШ ВЕЛИКИ ВО МРАКОТ СНИМЕНА СЦЕНА ОД КОЈА СЕ КРЕВА КОСАТА НА ГЛАВА Објавено предупредување за возачите 

На интернет се појави снимка од арогантен возач како со голема брзина во спротивна насока на автопатот Милош Велики.

– Внимание за сите возачи на автопатот Милош Велики. Во мракот забележан е возач како брза во спротивна насока со брзина поголема од 120 километри на час на делницата од Љиг до Чачак! – се наведува во соопштението.

– Полета покрај нас со молскавична брзина, воопшто не му беше грижа. Се плашевме и за нашата безбедност – кратко изјавил очевидец за агенцијата РИНА.

Не е позната причината зошто автомобилот тргнал во спротивен правец, а возачот не е идентификуван.

За жал, ова не е изолиран случај на возење во спротивна насока на автопат. Неодамна беше изгубен еден живот, кога возач влегол во спротивен правец на овој автопат и директно се судрил со возило кое доаѓало од тој правец.

По судирот возилото се запалило, а возачот починал на лице место.