Припадничките на понежниот пол веруваат дека мажите созреваат само на 43…
Мажите се најдобро кога станува збор за секс на 29 години, а следното лето почнуваат да се грижат за пивскиот стомак. Истражувачите отидоа чекор понатаму и открија уште некои интересни факти за посилниот пол.
Судбоносното „да“ обично го кажуваат на 32 години, а една година подоцна го добиваат и првото дете. Во просек, првата работа ја наоѓаат на 21 година, во текот на животот шест пати го менуваат работното место, поминуваат 125 дена на боледување и имаат барем една романса на работа.
На 23-годишна возраст најчесто го полагаат возачкиот испит (од нив 48 проценти при првиот обид), на 29-ти најмногу уживаат во сексот, а една година подоцна веќе имаат проблем со пивскиот стомак.
Сè помалку коса
На 35 години мажите сериозно се грижат за својот изглед, а најмногу им пречи ќелавоста која е наследна кај околу 40 отсто од припадниците на посилниот пол. На почетокот на петтата деценија мислат дека повеќе не им се привлечни на жените, а потоа се борат со средовечна криза, пишува Daily Mail.
Припадничките на понежниот пол веруваат дека мажите созреваат само на 43 години, кога се соочуваат со првиот развод, а на 49 најчесто изневеруваат. Мажите на 50 години го доживуваат деловниот врв и најмногу заработуваат.