На оваа возраст мажите се врвни љубовници! Веќе следното лето почнуваат да се грижат за…

Припадничките на понежниот пол веруваат дека мажите созреваат само на 43…

Мажите се најдобро кога станува збор за секс на 29 години, а следното лето почнуваат да се грижат за пивскиот стомак. Истражувачите отидоа чекор понатаму и открија уште некои интересни факти за посилниот пол.

Судбоносното „да“ обично го кажуваат на 32 години, а една година подоцна го добиваат и првото дете. Во просек, првата работа ја наоѓаат на 21 година, во текот на животот шест пати го менуваат работното место, поминуваат 125 дена на боледување и имаат барем една романса на работа.

На 23-годишна возраст најчесто го полагаат возачкиот испит (од нив 48 проценти при првиот обид), на 29-ти најмногу уживаат во сексот, а една година подоцна веќе имаат проблем со пивскиот стомак.

Сè помалку коса

На 35 години мажите сериозно се грижат за својот изглед, а најмногу им пречи ќелавоста која е наследна кај околу 40 отсто од припадниците на посилниот пол. На почетокот на петтата деценија мислат дека повеќе не им се привлечни на жените, а потоа се борат со средовечна криза, пишува Daily Mail.

Припадничките на понежниот пол веруваат дека мажите созреваат само на 43 години, кога се соочуваат со првиот развод, а на 49 најчесто изневеруваат. Мажите на 50 години го доживуваат деловниот врв и најмногу заработуваат.