“НЕМАМ СРЕЌА ВО ЉУБОВТА НО ЗАТОА ИМАМ ВО ПАРИТЕ!“ – Балканската дива, Теа Таировиќ проговори за кариерата, животот и идните планови

Иако важи за една од најатрактивните пејачки на територијата на поранешна ЈугославијаТеа Таировиќ вели дека не може да најде партнер според нејзините стандарди.

Со насмевка вели дека многу работи како и заработувањето на пари и оди лесно, но кога е кај љубовта таа немала среќа.

Теа Таировиќ

Немам среќа во љубовта, но имам среќа во парите. За себе можам да кажам дека сум среќна личност, иако љубовта не ме сака. Немам многу среќа во љубовта, но мора нешто да не е во ред. Засега не сакам да се мажам и да носам бела венчаница, а не дај Боже и да се заљубам. Тоа би ме убило. Ќе ме затворат засекогаш дома. Немам ниту симпатија, само сакам да уживам во мојот живот. Работата е всушност моето најголемо задоволство и среќа“, нагласува пејачката во едно гостување на српските медиуми.

Мама ме смирува секогаш кога ќе почне да ме фаќа паника. Таа ми вели дека секогаш треба полека да се оди низ животот. Нагласувам за сè, но кога е работата во прашање, бидејќи ова е мојот живот и давам се за доброто на мојата пејачка кариера. Тоа е голема одговорност и затоа воопшто не ми е удобно“, открива убавата пејачка која откри дека секогаш кога и е тешко заминува кај својата мајка.

животмузикаСрбијаТеа Таировиќ