Ако Украина не ја одбрани својата независност, нема да имаме друг избор освен да војуваме, изјави Јан Емерик Рошчишевски, полскиот амбасадор во Франција.
– Ако Украина не ја одбрани својата независност, нема да имаме друг избор, освен да влеземе во војна – рече Рошшевски.
Претседателот Анджеј Дуда во четвртокот објави дека Полска ќе и’ ги предаде првите четири ловци МиГ-29 на Украина во наредните денови.
Тој додаде дека авионите во моментов се на сервис и сукцесивно ќе и’ бидат предадени на Украина.