Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во вторникот изјави дека и’ дал инструкции на армијата да се подготви за секое сценарио во случај на ескалација на конфликтот со Хезболах на северот.
– Во моментов има силна размена на удари на север. Го погодуваме Хезболах, но мојата инструкција до ИД е да се подготви за секое можно сценарио. Му предлагам на Хезболах да не го тестира Израел бидејќи тоа би била грешката на целиот нивен живот – рече премиерот на средбата со лидерите на северните општини.
Оклопен булдожер на ИД, да потсетиме, во вторникот го урна споменикот на поранешниот палестински лидер Јасер Арафат на Западниот Брег.