Нетанјаху ѝ дава инстеукции на Армијата по насилните конфликти: Подгответе се за секое можно сценарио со Хезболах

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во вторникот изјави дека и’ дал инструкции на армијата да се подготви за секое сценарио во случај на ескалација на конфликтот со Хезболах на северот.

– Во моментов има силна размена на удари на север. Го погодуваме Хезболах, но мојата инструкција до ИД е да се подготви за секое можно сценарио. Му предлагам на Хезболах да не го тестира Израел бидејќи тоа би била грешката на целиот нивен живот – рече премиерот на средбата со лидерите на северните општини.

Оклопен булдожер на ИД, да потсетиме, во вторникот го урна споменикот на поранешниот палестински лидер Јасер Арафат на Западниот Брег.