Треба да знаете и да препознаете!
Сосема е разбирливо и нормално дека секој од нас понекогаш има лоши денови, затоа не можеме да го наречеме лош човек кој ни прави нешто лошо.
Сепак, психолозите предупредуваат дека кај злобните луѓе одвреме-навреме се повторуваат шеми на лошо расположение или поточно стануваат нивно секојдневие.
Тие ја дефинираат злобната личност како некој кој често е нељубезен, без сочувство кон другите или суров со намера да ги омаловажи другите или да ги спречи да успеат во нивните планови.
Психолозите тврдат дека постојат неколку суптилни и помалку суптилни знаци по кои лесно може да се препознае злобната личност, без разлика дали тоа е нашиот родител, партнер или колега од работа. Тие знаци го вклучуваат следново:
– уживање во туѓа несреќа
– недостаток на емпатија
– склоност кон лажење и емоционални манипулации
– суровост
– недостаток на одговорност
– нетолеранција кон другите луѓе.