„НЕ МУ Е ЛОШ ДЕНОТ ТУКУ Е ЛОША ОСОБА!“ Психолог ги анализирал ТОКСИЧНИТЕ ОДНОСИ и ги намалил на седум ставки!

Треба да знаете и да препознаете!

Сосема е разбирливо и нормално дека секој од нас понекогаш има лоши денови, затоа не можеме да го наречеме лош човек кој ни прави нешто лошо.

Сепак, психолозите предупредуваат дека кај злобните луѓе одвреме-навреме се повторуваат шеми на лошо расположение или поточно стануваат нивно секојдневие.

Тие ја дефинираат злобната личност како некој кој често е нељубезен, без сочувство кон другите или суров со намера да ги омаловажи другите или да ги спречи да успеат во нивните планови.

Психолозите тврдат дека постојат неколку суптилни и помалку суптилни знаци по кои лесно може да се препознае злобната личност, без разлика дали тоа е нашиот родител, партнер или колега од работа. Тие знаци го вклучуваат следново:

– уживање во туѓа несреќа

– недостаток на емпатија

– склоност кон лажење и емоционални манипулации

– суровост

– недостаток на одговорност

– нетолеранција кон другите луѓе.