Ќерката на Еминем, Алаина Скот, работи во салон за убавина, иако нејзиниот татко „тежи“ приближно 260 милиони долари, пишува The US Sun.
Алаина Скот (30 г.) работи во фризерски салон и спа центар во близина на нејзиниот дом во Рочестер Хилс, Мичиген. Извор за гореспоменатиот медиум изјавил дека Алаина Скот, која ја посвоиле Еминем и неговата поранешна сопруга Ким, има одличен однос со клиентите. Нејзиното име и фотографија се наведени меѓу вработените на веб-страницата на салонот.
Алаина Скот во салонот работи осумчасовни смени како и сите останати вработени.
Алаина Скот дипломирала комуникациски науки на Универзитетот во Окленд. На социјалната мрежа Инстаграм ја следат повеќе од 100.000 луѓе, а таа се омажи во јуни оваа година.
Алаина Скот беше посвоена од Еминем во 2002 година. Нејзината биолошка мајка, покојната Дон Скот, е сестра близначка на поранешната сопруга на Еминем, Кимберли.
„Мојата внука е дел од мојот живот откако се роди. Ким и јас се грижиме за неа уште од првиот ден“, рекол еднаш раперот.
Алаина Скот била згрижена бидејќи нејзината мајка имала сериозни проблеми со зависноста. Освен неа, Еминем ја посвои и Витни Метерс, девојка која Кимберли ја имаше со друг маж. Најмладата ќерка на Еминем е 27-годишната Хејли Џејд.