Никогаш не би погодиле што работи ќерката на Еминем: Нејзиниот татко ‘тежи’ 260 милиони долари, а таа живее како остатокот од нормалниот свет !?

Ќерката на ЕминемАлаина Скот, работи во салон за убавина, иако нејзиниот татко „тежи“ приближно 260 милиони долари, пишува The US Sun.

Алаина Скот (30 г.) работи во фризерски салон и спа центар во близина на нејзиниот дом во Рочестер Хилс, Мичиген. Извор за гореспоменатиот медиум изјавил дека Алаина Скот, која ја посвоиле Еминем и неговата поранешна сопруга Ким, има одличен однос со клиентите. Нејзиното име и фотографија се наведени меѓу вработените на веб-страницата на салонот.

Алаина Скот во салонот работи осумчасовни смени како и сите останати вработени.

Алаина Скот дипломирала комуникациски науки на Универзитетот во Окленд. На социјалната мрежа Инстаграм ја следат повеќе од 100.000 луѓе, а таа се омажи во јуни оваа година.

Алаина Скот беше посвоена од Еминем во 2002 година. Нејзината биолошка мајка, покојната Дон Скот, е сестра близначка на поранешната сопруга на Еминем, Кимберли.

Мојата внука е дел од мојот живот откако се роди. Ким и јас се грижиме за неа уште од првиот ден“, рекол еднаш раперот.

Алаина Скот била згрижена бидејќи нејзината мајка имала сериозни проблеми со зависноста. Освен неа, Еминем ја посвои и Витни Метерс, девојка која Кимберли ја имаше со друг маж. Најмладата ќерка на Еминем е 27-годишната Хејли Џејд.