Сондата на НАСА успешно слета на Земјата, носејќи примероци кои можат да објаснат како настанал животот

Мисијата OSIRIS-REx на НАСА, која беше испратена од Земјата во вселената во 2016 година, успешно се врати на Земјата со собирање материјал од астероидот Бену, оддалечен две милијарди километри.

Сондата пристигнала до астероидот во 2018 година, а нејзината главна цел била да собере материјал од површината на астероидот, кој научниците го опишаа како најопасен што постои.

„На секои шест години нејзината орбита околу Сонцето го приближува до Земјата. Научниците пресметаа дека шансата да се сруши во нашата планета е 1 од 1.750 во следните 300 години, и датумот за кој се најмногу загрижени во овој поглед е 24 септември 2182 година“, пишува Би-Би-Си.

Она кон што се стремела мисијата кога станува збор за собирање материјал е тоа што сондата собирала фрагменти од карпи со различни големини – од неколку милиметри до големина на прашина.

„Доколку е вистина теоријата дека животот настанал на Земјата од удар на астероид, тогаш би можеле да откриеме некои фасцинантни органски молекули во примероците од овој астероид“, објасни НАСА.

Според првите информации сондата успеала да извлече околу 250 грама материјал.

„Ова е всушност огромна сума за овие типови тестови. Научниците ќе вршат анализи и тестови со децении врз основа на тоа“, се наведува.