“ЈАС ДОАЃАМ ОД СРБИЈА, НЕМАВ НИШТО ОД ТОА!“ – Новак Ѓоковиќ си ја отвори душата: “За ова никој не сака да зборува…“

Новак Ѓоковиќ не се откажува од борбата за подобри услови за сите тенисери. 

Како прв човек на здружението на тенисери што самиот го основа, Србинот ја користи секоја прилика да посочи дека на тенисерите мора да им се овозможат подобри услови и дека има многу малку луѓе кои можат безгрижно да си ја работат својата работа, без да се грижат за тоа дали ќе имаат пари да ја „преживеат“ сезоната, патувањата и слично…

Во најновата презентација на оваа тема, која ја пренесоа познати светски медиуми, Новак Ѓоковиќ како и секогаш отворено зборуваше. 

Јас бев во нивна кожа. Ја разбирам нивната болка. Ги разбирам проблемите со кои се соочуваат и знам колку е тешко да се платат патните трошоци ако немате поддршка од силна федерација, која 90 проценти или повеќе од играчите ширум светот ја немаат. Исто така, знам како е кога немаш буџет да платиш тренери и физиотерапевти. Доаѓам од Србија, каде што немав ништо од тоа. Сега имам влијание, јас имам моќ и сакам да се борам за подобри услови“, вели Новак Ѓоковиќ.

Со неодамнешната победа на УС Опен, Новак Ѓоковиќ освои рекордна награда од дури три милиони долари, која ја освои и победничката во женска конкуренција, Коко Гоф. Поразените во двете финалиња заработија по 1,5 милиони долари, полуфиналистите 775.000 долари, а четвртфиналистите 455.000 долари.

Толку многу зборуваме за тоа колку пари освојуваат победниците на УС Опен, но не зборуваме за тоа колку играчи заработуваат за живот од овој спорт, во машка и женска конкуренција, во сингл, двојки, сите заедно… Тоа е помалку од максимум 400 играчи во овој спорт, кој е суперглобален и еден од најгледаните во светот. Лошо е. Тоа е неуспех на нашиот спорт“, вели Новак Ѓоковиќ, а пренесува американскиот медиум ESPN.

На обожавателите на Новак Ѓоковиќ им е добро познато на жртвите што ги направи неговото семејство за тој да има шанса да успее. 

Новак Ѓоковиќ сега сака да им помогне на сите тенисери, особено на послабо рангираните, а во тој поглед веќе организираше и спроведе акции за време на пандемијата со вирусот Ковид-19, но секако не сака да застане тука, туку ќе продолжи да се бори за благосостојбата на неговите колеги во наредните години.