Овој понеделник започнува новото издание на УС Опен, а Новак Ѓоковиќ го брка својот 24. Грен слем трофеј.
Ѓоковиќ пред почетокот на турнирот во Њујорк разговараше со организаторите и откри што го нервира во денешниот тенис.
– Викање за време на поени, премногу врева… – рече Новак откако малку размислуваше на оваа тема и додаде: – Тоа ме нервира!
Многумина веруваат дека Новак го „пецна“ својот ривал Карлос Алкараз, кој при поените реагира доста гласно.
А Новак сега тоа го остава на страна и се подготвува за дуел со Александар Милер кој на програмата е во 2:30 ноќта помеѓу понеделник и вторник.