Новак откри што го нервира и го ‘пецна’ својот ривал! Дали мислеше само на младиот Шпанец? (ВИДЕО)

Овој понеделник започнува новото издание на УС Опен, а Новак Ѓоковиќ го брка својот 24. Грен слем трофеј.

Ѓоковиќ пред почетокот на турнирот во Њујорк разговараше со организаторите и откри што го нервира во денешниот тенис.

– Викање за време на поени, премногу врева… – рече Новак откако малку размислуваше на оваа тема и додаде: – Тоа ме нервира!

Многумина веруваат дека Новак го „пецна“ својот ривал Карлос Алкараз, кој при поените реагира доста гласно.

А Новак сега тоа го остава на страна и се подготвува за дуел со Александар Милер кој на програмата е во 2:30 ноќта помеѓу понеделник и вторник.