Сè се одвиваше на две локации.
Косовската полиција денеска во Приштина приведе две лица, при што е одземено огнено и ладно оружје. Приведувањето и одземањето на оружјето се случило на две различни локации во Приштина.
Како што соопшти косовската полиција, во првиот случај во населбата Софаљија , по пријавувањето на пукањето, полициските единици веднаш реагирале, а вториот се случил на улицата „Илир Конушевци“ , каде осомничениот бил следен поради поседување неовластено оружје.
– Првоосомничениот машки пол по извршениот разговор е пуштен по редовна постапка, против него е поднесена пријава за недозволено држење и употреба на оружје. Во вториот случај на одземање на огнено оружје и нож во Приштина, 25-годишник е пуштен по редовна постапка по разговорот и одлуката на обвинителството – соопшти косовската полиција во објава на Фејсбук .