Италијанскиот фудбалер Матија Џани (26) починал откако доживеал срцев удар за време на натпреварот од петтото коло на тамошното натпреварување, пишуваат италијанските медиуми.
Лекарските екипи веднаш реагирале и го пренеле Џани во болница, младиот фудбалер не можел да се спаси и починал.
По оваа трагедија се огласи и градоначалникот на Кастелфиорентина, Алесио Фалорни.
– За жал, добив страшни вести. Матијас не преживеа. Едвај можам да најдам зборови да ја опишам оваа трагедија. Голема болка. Можеме само да понудиме утешни зборови за семејството и клубот. Нека почива во мир – напиша Фалорни.
Матијас е роден во Понте Егола во близина на Пиза и имал само 26 години…