НОВА ТРАГЕДИЈА НА ТЕРЕН: Починал млад фудбалер, имал само 26 години!

Италијанскиот фудбалер Матија Џани (26) починал откако доживеал срцев удар за време на натпреварот од петтото коло на тамошното натпреварување, пишуваат италијанските медиуми.

Лекарските екипи веднаш реагирале и го пренеле Џани во болница, младиот фудбалер не можел да се спаси и починал.

По оваа трагедија се огласи и градоначалникот на Кастелфиорентина, Алесио Фалорни.

– За жал, добив страшни вести. Матијас не преживеа. Едвај можам да најдам зборови да ја опишам оваа трагедија. Голема болка. Можеме само да понудиме утешни зборови за семејството и клубот. Нека почива во мир – напиша Фалорни.

Матијас е роден во Понте Егола во близина на Пиза и имал само 26 години…