НИКОЈ НЕ МУ ЧЕСТИТАШЕ НА НОЛЕ КАКО РУН: Дали му се заканува на Ѓоковиќ? Оригинално и провокативно (ВИДЕО)

Поставил и клип од тренингот.

Холгер Рун можеше да биде најголемата нагазна мина на патот на Новак Ѓоковиќ до титулата на Австралија Опен. Талентираниот Данец, сепак, беше поразен во осминафиналето во драматичен финиш од Андреј Рубљев во супер тај-брејк, па остана без шанса да ги одмери силите со човекот кој му беше идол Новак Ѓоковиќ.

Деветтиот тенисер во светот не ја пропушти можноста на многу оригинален начин да му честита на српскиот ас и сликовито да пренесе како тој може да биде наследник на Новак.

– Кога нашите идоли од детството продолжуваат да освојуваат Грен слемови, треба да работиме повеќе од порано – напиша Руне на Твитер, честитајќи му на Ѓоковиќ и прикачувајќи видео од тренингот во кое тој силно ја удира топката.

Руне ќе наполни 20 години во април и сигурно ќе биде еден од најголемите ривали на Ѓоковиќ во блиска иднина. Досега играа двапати, резултатот е 1:1.