Приближно 6.000 полицајци ќе го обезбедуваат пристигнувањето на олимпискиот факел во Марсеј

 Околу 6.000 полицајци следниот месец ќе го обезбедуваат пристигнувањето на олимпискиот факел од Грција во Марсеј, изјави денеска францускиот министерот за внатрешни работи Жералд Дарманин.

Дополнителните полицајци ќе бидат мобилизирани покрај локалните пожарникари и жандрмеријата полицијата, што значи дека безбедноста ќе биде уште посилна отколку кога папата Франциск го посети Марсеј септември 2023 година.

Олимпискиот факел треба да им биде предаден денеска на француските организатори во Атина пред да го донесат во Марсеј со француски едреник од 19 век. „Белем“ со три јарболи треба да исплови утре од Грција и да вплови во Старото пристаниште во вториот по големина град во Франција вечерта на 8 мај, при што се очекуваат на настанот да има околу 150.000 луѓе.

Дарманин наведе дека елитна тактичка единица, тимови за отстранување бомби, поморски полицајци и тим против дронови ќе бидат дел од обезбедувањето на Старото пристаниште. Тој истакна дека нема „конкретна закана“ за настанот, но дека полицијата се подготвуваат за неколку сценарија.