ВИДЕО | „Кетчап предизвик“ е нов тренд на ТикТок: Поради него паровите масовно раскинуваат, еве како изгледа!

Постои нов популарен тренд на социјалната мрежа TikTok каде луѓето ја тестираат својата врска користејќи – кечап.

Во „предизвикот за кечап“, жените ширум светот го истураат кечапот на кујнските површини и бараат од нивните партнери да го избришат. И тоа е предизвик.

Предизвикот навидум е толку едноставен што некои се прашуваат дали воопшто може да се смета за предизвик – но некои видеа докажаа дека може. Кога се соочиле со задачата, мажите реагирале на различни начини и имале различни техники на чистење.

@katherinee_310

He Stresses Me Out, This Is Why I Do The Cleaning 😂😂 #fyp

♬ original sound – Katherine Castaneda

Една девојка објави видео од нејзиното момче како чисти откако таа истури кечап на шанкот и рече дека е „импресионирана“ од начинот на кој го исчистил. Луѓето во коментарите го пофалија за добро завршената работа.

Втората жртва на предизвикот ги немаше истите вештини за чистење. Момчето направи уште поголем хаос бидејќи зеде салфетка и само ја премести во круг над кечапот. Солидна причина да го оставите“, напишаа луѓето под видеото.

Друго вирално видео од овој предизвик помина слично. Момчето почнало да го брише кечапот со хартиена крпа, ширејќи го преку шанкот. „Дечко на мама“, „Не е во врска со мене, но би сакала да раскинам со него“, напишаа луѓето под објавата изнервирани од неспособноста на момчето.

Едно видео покажува жена како се потсмева на овој тренд прашувајќи: „Дали сакате да кажете дека има стотици возрасни мажи на кои чистењето кечап им е толку тешко што е предизвик? и додаде дека „глупаво е мажите да не знаат како да ја исчистат работната површина во кујната.