ТАА Е СОПСТВЕНИЧКА НА НАЈДОЛГАТА КОСА НА СВЕТОТ: Има 2,57 метри, ја мие ЕДНАШ НЕДЕЛНО, ја суши 24 часа, а еве колку и треба да се чешла

Алија Насирова е навикната луѓето да се вртат по неа на улица, најмногу поради нејзината неверојатно долга коса .

Поточно, должината на нејзината коса е 2,57 метри, поради што неодамна стана горда сопственичка на Гинисов рекорд .

Алија е родум од Украина, а како светски рекордер беше претставена во италијанската ТВ серија „Lo Show dei Record“.

Триесет и петгодишната девојка е висока 165 сантиметри, а никогаш во животот немала „правилна“ фризура.

Таа сака нејзиниот рекорд  „да ги инспирира луѓето да уживаат во убавината и да бидат природни“.

Алија живее во Словачка, каде се занимава со уметност, поточно графички дизајн, а работи и како модел на долга коса.

Нејзината најголема инспирација се нејзината мајка и баба кои исто така имаа многу долга коса, но и хероината од бајките Рапунзел со која ја споредуваат.

Таа ја мие косата еднаш неделно , што трае околу 30 минути, со дополнителни два часа за нанесување на маската.

Таа не користи фен и ја суши природно, што обично трае 24 часа!

„Ја чешлам косата само кога е сува, што трае еден час. Следам едноставни правила за да ја одржувам здрава. Не ја бојадисувам и земам природни препарати“, открила таа.