ММФ одобри 1,3 милијарди долари за Мароко

– Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) објави дека неговиот Извршен одбор одобрил 1,3 милијарди долари за Мароко во рамките на Аранжманот за издржливост и одржливост.

Аранжманот ќе му помогне на Мароко да се справи со климатските ранливости, да ја зголеми неговата отпорност против климатските промени и да постигне декарбонизација, покрај финансирањето за одржлив развој, се вели во соопштението на ММФ.

Исто така, има за цел да ја поддржи транзицијата на Мароко кон позелена економија и да помогне во зајакнувањето на неговата подготвеност и отпорност на природни катастрофи, вклучително и на климатските промени, се додава во соопштението.

Директорката за комуникации Џули Козак рече дека ММФ и Светската банка тесно соработуваат со мароканските власти за да ја проценат ситуацијата по земјотресот што се случи на 8 септември.

„Работиме многу интензивно со властите за да се осигуриме дека сме целосно подготвени за Мароко, како и какви било приспособувања што сметаме дека се соодветни“, рече таа.