Видеото од турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган како се чешла стана хит на социјалните мрежи!
Ердоган, кој во четвртокот дојде на прославата на Уставниот суд во Анкара, секогаш е придружуван од телохранител кој ненадејно му подава чешел пред да влезе во салата. Турскиот лидер застана и почна да се чешла додека целата делегација, вклучително и претседателот на Уставниот суд, чекаа.
По зачешлувањето на косата, Ердоган му го предаде чешелот на еден од своите советници, а потоа продолжи да се шета со претседателот на Уставниот суд, Кадир Озкаја, насмеан.
Ердоган присуствуваше и на прославата на 62-годишнината од основањето на Уставниот суд.