Нова хит снимка на Ердоган! Телохранител му подари чешел на турскиот претседател, а потоа цела делегација мораше да стане (ВИДЕО)

Видеото од турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган како се чешла стана хит на социјалните мрежи!

Ердоган, кој во четвртокот дојде на прославата на Уставниот суд во Анкара, секогаш е придружуван од телохранител кој ненадејно му подава чешел пред да влезе во салата. Турскиот лидер застана и почна да се чешла додека целата делегација, вклучително и претседателот на Уставниот суд, чекаа.

По зачешлувањето на косата, Ердоган му го предаде чешелот на еден од своите советници, а потоа продолжи да се шета со претседателот на Уставниот суд, Кадир Озкаја, насмеан.

Ердоган присуствуваше и на прославата на 62-годишнината од основањето на Уставниот суд.