Нов црн баланс: Над 45.000 луѓе загинаа во земјотресите во Турција, повеќе од 13 милиони беа погодени од катастрофата

Бројот на загинати во земјотресите во Турција се искачи на 45.089, соопшти денеска државната агенција за справување со катастрофи АФАД.

Земјотреси со јачина од 7,7 и 7,6 степени ги погодија Турција и Сирија на 6 февруари. Повеќе од 13 милиони луѓе во Турција беа погодени од земјотресите, јавува Анадолија.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска најави формирање на фонд за брза обнова и изградба на градовите по земјотресот.

„Ќе ги отстраниме урнатините, ќе ги залечиме раните, ќе ги замениме уништените домови со нови, ќе изградиме нова иднина и нов живот за нашиот народ“, рече Ердоган.